Тен Хаг: Не заслуживме да загубиме

Манчестер јунајтед со поразот од Баерн Минхен од 0:1 на „Олд Трафорд“ ја заврши сезоната во Европа.

Црвените ѓаволи го освоија последното четврто место во групата А само со четири освоени бода, а менаџерот Ерик тен Хаг смета дека неговите фудбалери не заслужиле да загубат од Баерн, кој заедно со Копенхаген се пласираа во осминафиналето на ЛШ, додека Галатасарај како трет продолжува во Лигата на Европа.

„Играме многу добро и не заслуживме да загубиме, но, за жал, токму тоа се случи. Против Баерн Минхен не потфрливме. Имавме неколку добри настапи во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно. Бевме добри во одбрана, имавме добра организација на нападите и добро вршевме притисок. Игравме против силен тим, Баерн и кога не игра добро, може да го реши натпреварот само со една шанса. За жал, тоа се случи. Им честитам на играчите како одиграа против силен тим“, рече Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести