Тен Хаг: Онана има цврст карактер, статистички тој е втор најдобар голман во Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, верува дека голманот Андре Онана ќе излезе од кризата, и го нарече „статистички втор најдобар голман“ во Премиер лигата.

Камерунецот Онана од фановите е прогласен за виновник што Црвените ѓаволи не го победија Галатасарај во Истанбул, а тренерот Тен Хаг стои на негова страна.

„Тој има силен карактер, може да се справи со кризни моменти. Севкупно гледамо во овие пет месеци, тој добро брани. Ако анализирате, ќе видите дека статистички тој е втор најдобар голман во Премиер лигата, втор е по бројот на спречени погодоци“ – вели Тен Хаг.

Инаку, навистина Онана има добра статистика во англиското првенство, спречува 3,67 голови по меч. Подобар од него е само голманот на Лутон, Томас Камински кој има многу работа и спречува по 6,3 гола.

- Оглас -

Најнови вести