Тен Хаг: Заслуживме финале, но таа последна секунда…

Неколку секунди го делеа Ајакс од пласман во финалето на Лигата на шампионите, па затоа тренерот Ерик тен Хаг беше многу разочаран по натпреварот со Тотенхем.

„Немам зборови колку сум разочаран. Бевме толку блиску, заслуживме финале, но таа последна секунда…“, беа зборовите со кои Тен Хаг го почна обраќањето по мечот.

„На полувремето им кажав на играчите дека уште не е готово. Се виде по ставот на играчите на Тотенхем дека тие и понатаму веруваа во пресврт. Кога Зијех ја погоди стативата, да постигнеше гол, тоа ќе беше крај за Тотенхем. Не можам никого да обвинам, имавме фантастична сезона, напредуваме како тим. Минавме низ тежок процес“, додаде Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести