Тенерифе ќе ја запре победничката серија на Жирона

2816 Хелсингор – Фредерисија (19.00 часот)

Ова е дерби на колото во второлигашкото данско друштво. Двата тима имаат еднаков број бодови, на два бода се од лидерот, а и двата тима не загубиле повеќе од еден месец. Хелсингор е најефиксен тим во лигата со 31 гол на 14 меча, но во минатото коло одигара 0-0 со Лингби, кој исто така има еднаков број бодови со нив. Фредерисија уште од август нема играо нерешено, а во меѓусебните дуели, на последните пет соочувања секогаш имало победник.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.80)

 

2831 Академика Клинчени – Рапид Букурешт (19.30 часот)

Тука гостите се фаворити. Тимот од Клинчени е последен на табелата во романската прва лиган и по 14 одиграни кола, уште нема победа. Рапид е во средина на табелата, осми е во лигата со 16 тима и често игра неефикасни натпревари. Гостите од Букурешт на последните четири меча победија еднаш и трипати играа нерешено. Рапид од август чека гостинска победа, ова им е идеална шанса да го разбијат малерот.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

3629 Чезена – Пескара (21.00 часот)

Некогашните италијански прволигаши како учесници во Серија Ц, група Б, сега се борат за пласман во Серија Б. Чезена има гол-разлика 15-5, а Пескара 20-17. Чезена е во малку подобра форма, од 28 септември нема пораз, а има и пет бода повеќе. И традицијата на меѓусебните дуели е на страната на Чезена, но овие два клуба не се сретнале меѓу себе уште од мај 2018 година, па ова и не е некој претерано сигурен показател.

Предлог тип: 1 (2.13)

 

1311 Тенерифе – Жирона (21.00 часот)

Интересен меч од втората шпанска лига помеѓу некогашни прволигаши затоа што Тенерифе е доста понапред на табелата, има шест бода плус и со победа може да се искачи на трето место, но Каталонците се во одличен ритам и освоија 10 бода во последните четири кола. Во минатата сезона, Жирона на гостувањето кај Тенерифе загуби со 0-2. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи завршиле со 0-2 гола, но никогаш не било 0-0, туку секогаш имаше победник.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

8007 Цибона – Крка (18.00 часот)

И Цибосите и Словенците имаат по 3-3 по шест кола во АБА-лигата, со тоа што загрепските Волци откако тргнаа убаво со три победи, сега имаат три порази по ред, а Крка игра по принципот победа-пораз. Ако таа низа продолжи, сега на ред е Крка да загуби. Тимот од Ново Место, шест години нема победа во Загреб. Веројатно моментната инспирација ќе го одлучи победникот, статистиката најавува меч со 150-тина поени.

Предлог тип: <154.5 (1.83)

- Оглас -

Најнови вести