Тенисер на деценијата – Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е избран за тенисер на деценијата од страна на специјализираната веб-страница „tennis.com“. Големото признание е сосема заслужено за српскиот тенисер ако се знае дека од 2011 година, па досега го покажа својот најдобар тенис.

Ѓоковиќ токму во 2011 година за првпат стана прв светски рекет, а таа сезона освои три гренд слем титули. Од вкупно 16 во кариерата, Новак дури 15 гренд слемови ги освои изминативе години, што е далеку повеќе од најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал. Исто така помина најдолго време на врвот на АТП-листата.

Посебно впечатлив беше во 2015 и 2016 година. Ѓоковиќ ги врза сите четири Отворени првенства – Австралија, САД, Ролан Гарос и Вимблдон, и стана првиот тенисер по Род Лејвер кој успеал да ги обедини четирите големи тениски круни. Oваа сезона Србинот доминираше на Вимблдон и ОП на Австралија, а посебно ќе се памети финалето во Лондон против Роџер Федерер, каде што по пет часа и две спасени меч-топки, Ѓоковиќ ја освои петата титула во најстарото тениско натпреварување.

Оваа деценија Ѓоковиќ запиша 216 победи и 24 порази на Гренд слем шампионатите, додека вкупно брои 627 победи и 100 порази од 2011 година па наваму.

 

- Оглас -

Најнови вести