Тенисерка од Киргистан призна дека местела натпревари, доби сурова казна

Ксенија Палкина призна дека учествувала во местење на тениски натпревари во 2018 и во 2019 година и доби сурова казна од 16 години неиграње и плус мора да плати парична глоба од 100 илјади долари.

Тенисерката од Киргистан има 32 години и ова практично значи и крај на нејзината тениска кариера.

Не е објавено за кои мечеви и тениски турнири се работи, односно каде имало местење во кое директен учесник била и Палкина.

Киргистанката никогаш не била рангирана во Топ-100 и најдобар ранкинг на ВТА листата и е 163-то место, а и има освојувано титули само на помалите турнири.

Вкупно има 11 пехари во сингл на ИТФ турнирите и во истата конкуренција има колекција од 27 титули во игра на двојки.

 

 

- Оглас -

Најнови вести