Тенисерката објасни за допирите по задникот и бакнувањето во уста со татко ѝ

Младата тенисерка Сара Бејлак беше поразена од Русинката Лудмила Самсонова со 6:1, 6:3 и го заврши настапот на Отвореното првенство на САД, но остави своја трага на овој гренслем-турнир. Бејлак прво ја победи Хетер Ватсон со 2:1 во сетови, а по овој триумф се случи еден момент кој за многумина беше скандалозен.

Бејлак прво прослави со нејзиниот татко, кој веднаш ја прегрна и неколку пати ја удри по задникот. Потоа таткото и 16-годишната ќерка се бакнаа во уста. Потоа Сара се прегрна со уште еден постар човек, кој всушност е нејзиниот тренер, а и тој ја фати за задникот.

Ваквиот начин на прослава наиде на осуда кај многумина, но тенисерката реши да објасни за што се работи.

„Секако дека го видов видеото. Тој е мојот татко и секогаш ќе ми биде. Од друга страна, тренерот го познавам од мојата осма година. Тој ми става траки на телото и ме масира. Ова да се случи во Чешка, никој нема ни да реагира, но бидејќи сме во Америка, тука секој коментира. Сепак, ова веќе нема да се повтори“, рече 16-годишната тенисерка Сара Бејлек.

- Оглас -

Најнови вести