Тенисерот ги загуби нервите и на судијата му рече дека ќе го убие (Видео)

Џулијо Зепиери е млад италијански тенисер кој предизвика несекојдневен инцидент на челенџер турнир во Рим. Италијанецот загуби од Хуан Керундола со 6:0, 6:3, а по завршување на дуелот, наместо спортскида го прифати поразот, тој влезе во конфликт со судијата.

„Стани, стани…Тоа што го зборуваш нема да го сфатам лично, но мораш да размислиш пред нешто да кажеш“, му рече судијата на тенисерот, кој дополнително збесна и се закани.

„Сакаш да се караме? Излези надвор од теренот и ќе те убијам. Излези ако имаш м*да“, беа зборовите на Зепиери упатени кон судијата. По еден ваков испад, Италијанецот сигурно го очекува сериозна санкција, па дури може да биде и доживотно исклучен од тенисот.

 

- Оглас -

Најнови вести