Тениска класика – Серена го доби дербито Вилијамс против Венус

Серена Вилјамс беше подобра од повозрасната сестра Венус и победи со 2:1 во сетови во осминафиналето на ВТА-турнирот во Лексингтон.

Долгата ера меѓусебни дуели на две влијателни тенисерки и најтрофејни од активните учеснички на ВТА-турнирите донесе уште еден атрактивен меч.

Ова им беше 31-ви меѓусебен дуел од тенискиот блокбастер што почна со првиот сестрински меч во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија во 1998 година.

Серена сега води со 19:12 во победи, а има и повеќе трофеи и на гренслем и на ВТА-турнирите од Венус.

Првиот сет вечерва во Лексингтон го доби Венус со 6:3 и најави изненадување против првата носителка на турнирот, но не издржа докрај.

Серена направи пресврт и следните два сета ги доби со 6:3 и 6:4 за победа од 2:1 и пласман во четвртфиналето на турнирот.

Противничка за полуфинале ќе ѝ биде подобрата од дуелот меѓу Роџерс и Фернандес.

 

- Оглас -

Најнови вести