Тениската сезона само што почна, а веќе го имаме најдобриот потег (видео)

Ретко виден потег досега на тениските терени изведе Ден Еванс. Во второто квалификациско коло од Отвореното првенство на Австралија британскиот тенисер го совлада Јури Родионов со 2-1 во сетови, а во текот на мечот го направи можеби најдобриот потег што ќе го видиме оваа сезона.

Родионов се најде во ситуација да освои „зицер“ поен при негов сервис, но Британецот ја прочита играта на противникот и од свртување успеа да возврати и притоа да му го одземе поенот на австралискиот тенисер.

- Оглас -

Најнови вести