Тениски земјотрес во најава – САД опен ќе се игра на 3.789 километри од Њујорк?!

После откажување на Вимблдон и одложувањето на „Ролан Гарос“, тенисот наскоро би можел да го потресе и нов „земјотрес“ поради коронавирусот. Според некои медиуми, САД опен можеби нема да се одржи таму каде што се одржува традиционално, на терените на „Флешинг Медоус“ во Њујорк, туку на другата страна на САД, во близина на Лос Анџелес, поточно во Индијан Велс.

Националниот тениски центар „Били Џон Кинг“ на Флешинг Медоус во Њујорк, кој е најголем тениски комплекс во САД, претворен е во болница, поставени се 450 кревети за болните од коронавирусот, а 25.000 луѓе доаѓаат за да се прехранат. Затоа, реални се шансите турнирот да не се игра во Големото јаболко.

Во март требаше да се игра Мастерс турнирот на тврда подлога во Индијан Велс, но беше откажан. Таму има 29 терени, централниот стадион има трибини за 16.100 гледачи, со што е втор најголем на светот, и ги има условите за гренд-слем. САД опен треба да почне на 31 август, и останува да се види дали годинава како исклучок навистина ќе се игра во Калифорнија, или сепак ќе остане во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести