Тениско и фудбалско чудо: Барти ја заврши кариерата на 25 години, Денилсон се враќа на терен на 44 години

Вистински тениски шок се случи со објавата на трикратната гренслем-шампионка Ешли Барти дека ја прекинува тениската кариера на 25 години.

Актуелната шампионка на Отвореното првенство на Австралија има титули и на Ролан Гарос и Вимблдон, но одлучи веќе да не игра тенис.

„Се чувствувам среќна во овој момент, иако објавувам дека ја завршувам тениската кариера. Не знаев како да го соопштам тоа, па ми помогна мојата добра пријателка Кејси Делаква. Не жалам за одлуката и благодарна сум што тенисот ми даде сè и ме направи да се чувствувам гордо и исполнето“, вели Барти.

Во фудбалот се случи уште едно чудо, но во сосема спротивна насока. Денилсон де Оливеира, некогаш најскапиот фудбалер на светот, со трансферот од Сао Пауло во Бетис во 1998 година одлучи пак да игра фудбал.

Денилсон прави камбек на 44-годишна возраст и ќе игра за бразилскиот клуб Ибис.

Во 1998 година, Денилсон го направи најскапиот трансфер на планетата до тој момент, а Бетис за него му плати на Сао Пауло сума од 25 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести