Тензии пред „Ел Класико“: откажан ручекот на челниците, Флорентино Перес првпат нема да биде на „Камп Ноу“!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, реши да остане во Мадрид, и да не оди во Барселона на „Ел Класико“.

Ова е неочекувано, затоа што Перес секогаш бил присутен на најголемото дерби, и присуствувал на традиционалниот заеднички ручек на челниците на двата клуба. Но, од Барса најавија дека овојпат нема да има таков ручек.

Односите помеѓу двата клуба се заострија откако мадриѓаните најавија дека ќе покренат тужба во врска со аферата Негреира, па Перес проценил дека не е добро да биде таму и да трпи навреди од фановите.

Наскоро во Барселона ќе има уште еден дуел помеѓу Барса и Реал, тоа ќе биде реванш од Купот на Шпанија, останува да се види дали тогаш Перес ќе се појави, или повторно ќе бојкотира.

- Оглас -

Најнови вести