Тепачка на меч во шпанската лига, Бо Мекејлеб одвај го држеа настрана (Видео)

На дуелот од шпанската кошаркарска АЦБ-лига помеѓу Текниконта Сарагоса и Сан Пабло Бургос се случи тепачка која релативно брзо заврши, а во која највоинствен беше гостинскиот играч Доминик Сатон. Тој се спречка со неколку противнички играчи, едниот со боречки зафат го фрли на паркетот, но мешаницата набрзо беше расчистена.

Член на Сарагоса е натурализираниот Македонец Лестер Бо Мекејлеб, кој во моментот на инцидентот беше на клупата за резерви. Како што може да се види на еден дел од снимката, Мекејлеб (носи темноцрвен дрес со број 4) сака да влета на теренот, но го враќаат на клупа за да не биде исклучен од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести