Тепачот на мачки доби специјален транспарент кој добро ќе го подразмисли (ФОТО)

Курт Зума пред неколку недели беше во центарот на вниманието откако се појави на видео кај што ги шутира мачките како топка.

Иако по тој инцидент тој доби неколку кази од клубот, но и откажувања од спонзорите и се чини дека ситуацијата стивна, навивачите на Ливерпул го потсетија на денешната средба.

Зума кој што беше во стартната постава на Вест Хем го гледаше транспарентот кој што беше закачен на авион на кој што пишуваше „Животите на мачките се важни“, а на трибините имаше неколку навивачи со костими и маски на мачки.

- Оглас -

Најнови вести