Ѕвезда на Вест хем го згрози светот, сурово си ги шутираше мачките како да се топка (Видео)

Курт Зума, фудбалерот на Вест хем, стана главниот негативец во Англија откако се појави снимка на која тој дома ги брка и ги шутира своите две мачки, а брат му, кој снима, се слуша како се смее.

Однесувањето на Зума е шокантно и доби силни критики од здруженија за заштита на животни и од неговиот клуб Вест хем.

Да биде трагедијата поголема, Зума е амбасадор на хуманитарно здружение кое собира пари за спас на лавовите. Можеби сака само големи мачки или глуми хуманитарец.

Францускиот фудбалер кој лани ја освои ЛШ со Челзи, се извини, рече дека мачките немаат последици и добро се чувствуваат, но тешко дека ќе му биде простено ова. Покрај тоа, насилното однесување на мачките се одвиваше и пред очите на неговиот син. Во Англија за бруталност кон животни може да се добие и затворска казна.

Погледнете го шокантното и вознемирувачко видео снимено во неделата попладне:

- Оглас -

Најнови вести