Тер Штеген со пофалби до голманот на Славија: Одамна не сум видел толку добар настап

Каталонците иако беа апсолутни фаворити, пред домашна публика одиграа само 0-0 против Славија Прага. Избраниците на Ернесто Валверде како да ја немаа потребната муниција за да дојдат до посакуван резултат, а згора на сè недостасуваше Луис Суарес во нападот.

Но, најголем виновник што Барса не се израдува на погодок е Ондреј Колар, чуварот на мрежата на чешкиот клуб. Колар имаше неколку фантастични интервенции, спречи неколку опасни обиди на Меси, и од игра и од прекин, а во првото полувреме му фати зицер на Семедо. Чехот беше на врвно ниво, а по средбата откри дека добил пофалби од колегата Тер Штеген.

„Тер Штеген ме чекаше во тунелот и ми кажа дека одамна не видел толку добра партија на еден голман. Му било задоволство да ме гледа како давам сè за мојата екипа. Тоа што ме чекаше по мечот само за да ме пофали е најголема награда за мене. Се наежив само што го слушнав, неизмерна чест е да се добијат такви пофалби од еден од најдобрите светски голмани во моментов“, истакна Колар.

 

- Оглас -

Најнови вести