Теренот им е поплавен, личи на езеро, но велат нема прекин на подготовките (Фото)

Поројните дождови и топењето на снегот во Бугарија придонесоа стадионот на второлигашот Спортист Своге да биде целосно поплавен. Теренот е комплетно под вода и личи на огромен базен, па веројатно и кога водата ќе биде извлечена, теренот ќе има многу сериозни оштетувања и прашање е како ќе изгледа тревата.

Најинтересно е што од клубот на „Фејсбук“ порачаа дека ова нема да значи прекин на подготовките на тимот. Спортист моментно е на петтата позиција на табелата во Втората бугарска лига.

Своге е гратче на 40 километри северно од престолнината Софија, а како што стојат работите, ќе треба долго време кошмарниот поплавен терен да се врати во првобитната положба и тимот да има колку-толку нормални подготовки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести