Тери е вистинска легенда на Челзи, дуелот со Ливерпул го гледаше заедно со навивачите, а пред натпреварот со нив пиеше пиво и пееше навивачки песни (Видео)

Дербито во Премиер лигата денеска се играше на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Челзи, а на трибините беше и легендарниот капитен на Сините, Џон Тери кој одлично се забавуваше заедно со навивачите.

Навивачите на Челзи го препознаа легендарниот капитен кој се маскираше со капа и со шал, веднаш го обиколија бараа автограми од него, а потоа заедно пееја, дури и пиеја пиво, по што Тери замина на трибините на „Енфилд“.

„Уживав што бев на гостување заедно со нашите навивачи. Како играч, со автобус одите право во соблекувалната и немате шанса да видите и почувствувате што прават навивачите. Откако се пензионирав, отсекогаш сум сакал да одам со навивачите и ми се допадна тоа што се случи денеска. Им благодарам на сите навивачи кои патуваат за да го бодрат Челзи. Ве сакам“, напиша меѓу другото Тери на својот профил на Инатаграм.

Тери за Челзи настапуваше од 1998 до 2017 година и притоа освои пет титули во Премиер лигата, во 2012 година триумфира во Лигата на шампионите, во 2013 во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести