„Териерите“ и „колибарите“ го затвораат 11-тото коло во Премиер лигата

Понеделник е денот кога најчесто се играат последните натпревари од лигите низ Европа, па со тоа и се затвораат колата од првенствата. Една средба се игра во рамките од Премиер лигата, еден меч се игра во Шпанија, а има и интересни пресметки во второрангираните лиги во Франција и Германија.

Хадерсфилд – Фулам (21 часот)

Ова ќе биде прва пресметка на Хадерсфилд и Фулам, две екипи во Премиер лигата, откако и двете претходно се соочуваа во Шампионат лигата. „Териерите“ ќе имаат прилика за првпат да се израдуваат на победа против лондонскиот тим бидејќи во претходните 10 меѓусебни дуели фудбалерите на Фулам издвојувале триумф дури осум пати, а евентуално славење на домаќините ќе значи и прва победа воопшто сезонава. Двете екипи се во лоша форма, Хадерсфилд по 10 кола, е на последното место на табелта само со три освоени бодови од три средби со реми, останатите се порази, додека Фулам е на 19-тото место со два бода повеќе.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.30)

 

Eспањол – Атлетик Билбао (21 часот)

„Помалиот“ каталонски клуб по првата третина од шампионатот, може да каже дека има успешна кампања. По 10 натпревари, се наоѓаат на петтото место, а со денешен евентуален триумф ќе се искачат на второто место, веднаш зад градскиот ривал Барселона. Билбао од коло во коло тоне кон дното. Само една победа од 10 натпревари и седум ремија е навистина лош учинок. На петте последни меѓусебни средби, Еспањол има две победи над Билабо, две средби завршиле без победник, додека Баскијците само еднаш се израдувале. Голови ќе има, барем по еден во двете мрежи.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.55)

 

Рио Аве – Национал (20 часот)

Рио Аве, изненадувачки, е рамо до рамо со Бенфика во пресрет на нивниот меч од деветтото коло во Португалија, па најмалку со бод ќе излезе пред гигантот од Лисабон и ќе застане на четвртото место. Национал е во тешка криза, пет меча не знае за победа, а се чини дека и по овој меч ќе продолжи со негативната серија. Во последните пет меѓусебни средби, три завршиле во корист на денешниот домаќин, додека еден натпревар завршил без победник, односно еден во корист на Национал, притоа не постигнувале повеќе од два гола.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.95)

 

Хамбургер – Келн (20.30 часот)

Дербито во „цвајта“ ќе биде борба за челната позиција, Хамбургер и Келн по 11 меча, имаат еднаков број бодови, по 21, го делат второто место и имаат само еден бод помалку од лидерот Сент Паули. Во меѓусебните средби од минатото во Бундеслигата двете екипи имаат по две победи, еден меч заврши со реми, меѓутоа факт е дека голови не недостасуваат.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.30)

 

Мец – Оксер (20.45 часот)

Мец има големи амбиции за што побрзо да се врати во француската елита, а сезонава засега се одвива според планот. Оксер гледа кон ново деградирање, а денес речиси и да нема шанси за славење, бидејќи домаќините влегоа во позитивна серија. Го играат најдобриот напад во втората француска лига, против една од полошите одбрани, што наговестува дека Мец нема да има проблеми да освои нови бодови и да се зацврсти на табелата.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.20)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести