Терминот од 16:00 часот е резервиран за сензационални резултати во Англија

Терминот од 16:00 часот е резервиран за сензационални резултати во Англија.

Минатото коло, „настрадаа“ Ливерпул и Манчестер сити, а сега тоа му се случи на Челзи кој испушти водство и одигра 1:1 на домашен терен против Барнли.

Покрај киксот на тимот од Лондон, сензацијата ја комплетираше и фенерџијата Норич кој дојде до првата победа во оваа сезона, откако беше подобар од другата сензација, екипата на Брентфорд.

Доколку некој ги искомбинираше со фиксови овие натпревари, според резултатите, ќе добиеше неверојатна квота од 82.

Челзи поведе со голот на Каи Хаверц во 33. минута, а сензација приреди Матеј Видра кој погоди за гостинска радост во 80. минута. Квотата за нерешениот исход на оваа средба изнесуваше неверојатни 5.70, а истата беше и за триумф на Норич.

Норман и Темо Пуки погодија за фенерџијата до пред ова коло, а неизвесноста ја врати Хенри во вториот дел.

Триото натпревари од 16 часот го комплетираа Кристал Палас и Вулверхемптон каде што домаќините победија со 2:0 со погодоците на Заха и Галахер, а коефициентот за вакво нешто да се случи изнесуваше 2.55.

- Оглас -

Најнови вести