Тешка глупост: се пофали со медалот на Пиоли, крадецот дури и си го покажа лицето (Фото)

Откако тренерот на Милан, Стефано Пиоли, јавно побара украдениот медал за освоената титула во Серија А да му биде вратен, верувале или не, преку социјалните мрежи се јави и новиот „сопственик“ на медалот.

Крадецот најпрвин го објави медалот и порача: „Благодарам Пиоли“, а потоа отиде и чекор подалеку, „се пофали“ уште повеќе, дури и си го покажа лицето, и го означи Милан на објавата.

Од Лигата објавија дека ако медалот не му биде вратен на Пиоли, ќе му направат и доделат нов, така што тренерот нема да остане без медал, негов прв во тренерската кариера.

- Оглас -

Најнови вести