Тешка повреда на фудбалерот на Ливерпул, ќе го нема на зелените терени со месеци

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, заработи повреда на првенствениот меч со Брентфорд, а сега е познато и колку ќе отсуствува од фудбалските терени. Португалецот го повреди коленото и следните неколку месеци ќе отсуствува од фудбалските терени.

Оваа информација ја потврди и Јирген Клоп.

„Диого има проблем со коленото, веројатно ќе го нема со месеци. Не можам да кажам точно колку, со оглед на тоа дека сите фудбалери реагираат различно на иста повреда“, рече Клоп за официјалната страница на Ливерпул.

Црвените од „Енфилд“ утре ќе играат на гости против Лутон, а во сабота ги очекува финалето од Лига купот против Челзи.

- Оглас -

Најнови вести