Тешка повреда на младата ѕвезда на Лестер на 10 дена пред стартот на сезоната (видео)

Победата од 3-2 за Лестер во пријателскиот меч против Вилјареал вчера беше засенета од тешката повреда на младата ѕвезда на Лисиците.

Весли Фофана заврши на носилки по остриот старт на Нино, кој без многу размислување, остро се пушти по топката и ја приклешти левата нога на францускиот дефанзивец.

Откако му беше укажана помош на теренот, Фофана беше испратен со аплауз од трибините на стадионот „Кинг пауер“, а оваа незгода дојде во најлош можен момент ако се знае дека новата сезона во Премиер лигата стартува за девет дена.

Шансите за Фофана да заигра во првото коло против Вулверхемптон се минимални, но допрва треба да се одреди колку е сериозна повредата.

https://twitter.com/JMaddisonLCFC/status/1423017652067389445

- Оглас -

Најнови вести