Тешка задача за футсалците – Македонија ќе игра со Италија и Шведска во квалификации за СП 2024

Футсал репрезентацијата на Македонија ќе има тешка задача за пласман на Светското првенство во 2024 година и на ждрепката ги доби Италија и Шведска за противници во десеттата група.

Италија е поранешен светски вицешампион и има и една бронза на Миндијалите во футсал и ќе биде голем фаворит за првото место.

Швеѓаните немаат посебен рејтинг во овој спорт и Македонија може да се носи со нив, а против Италија ќе ни треба подвиг, бидејќи само првопласираните селекции ќе играат во следната елитна фаза на патот кон Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести