Тешката повреда е во фокусот на НБА-мечевите (Видео)

Повредата на Џа Морант од Мемфис гризлис се најде во фокусот на вниманието по ноќешните мечеви одиграни во НБА-лигата. На дуелот против Бруклин, во обид да блокира еден шут на противникот, Морант при доскокот незгодно згазна на ногата на противникот и заработи повреда на глуждот на левата нога.

Со болна гримаса на лицето, Морант на една нога истрча надвор од теренот и падна веднаш барајќи лекарска помош. Со помош на инвалидска количка, играчот кој на првиот меч сезонава даде рекордни за него во кариерата 44 поени, беше изнесен од салата. Според првичните прегледи, за среќа, не е скинат глуждот на ногата, што значи дека паузата на Морант најверојатно нема да биде премногу долга.

И без Морант на теренот, Мемфис успеа да слави против Бруклин со 116:111, и тоа дури по продолжение од пет минути. Во останатите мечеви кои се играа: Аталанта – Детроит 128:120, Оклахома – Јута 109:110, Денвер – Хјустон 124:111 и Лос Анџелес лејкерс – Портланд 107:115.

 

- Оглас -

Најнови вести