Тешки предизвици за Лестер и Челзи, можно е на „Гудисон“ да има голеада

1111 Кристал палас – Лестер (16ч)

Лестер издвои четири бода во тешките дербија против Тотенхем и Манчестер јунајтед, а сега по бодови ќе атакува и во Јужен Лондон, против Кристал палас. Меѓутоа, тимот на Брендан Роџерс треба да биде претпазлив иако е во добра форма бидејќи на „Селхарст парк“ пред помалку од две години претрпе дебакл од 5-0.

Тој е еден од потешките порази кои Лестер ги претрпи откако пред шест години се врати во англиската елита, но дочека да се реваншира во последните две меѓусебни средби кои ги доби со 0-2 и 3-0. Во последните шест премиерлигашки дуели на овие две екипи редовно имало победник, со тоа што Кристал палас има подобар биланс од 4-2, затоа денешната пресметка може да биде доста интересна и исполнета со погодоци.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.08)

 

1112 Челзи – Астон вила (18:30ч)

Депримирани од поразот од Арсенал во градското дерби, Челзи ќе ја пречека разиграната Астон вила, која е во серија од три победи и реми во последните четири кола. Кризата е очигледна во составот на Лампард и гостите од Бирмингам може многу лесно да ја искористат и да фрлат сол врз раната.

Двете екипи се на делба на седмата позиција на табелата со по 25 бода и според тоа како играат гостите, тешко дека шесткратниот англиски првак лесно ќе стигне до потребните бодови.

Но, исто така треба да се има предвид дека Челзи ги доби последните шест пресметки против Астон вила во лигашки рамки.

Предлог тип: 1X & ГГ (1.95)

 

1113 Евертон – Манчестер сити (21ч)

Самодовербата се врати кај фудбалерите на Евертон кои влегоа во серија од четири победи во низа, односно во пет меча се непоразени во Премиер лигата. Победничката серија ги врати Карамелите при врвот, каде што се наоѓаа на стартот од сезоната, но треба да се знае дека евентуален пораз вечерва од Сити ќе ги спушти неколку места подолу.

Граѓаните, пак, досега во 14 натпревари дури седумпати ја сочуваа мрежата, односно сите победи ги остварија без примен гол. Тимот на Гвардиола славеше во трите последни гостувања на синиот дел од Мерсисајд, односно Евертон не памети триумф на домашен терен од 2017 година.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

1540 Рио Аве – Маритимо (19:45ч)

Негативната низа од два порази и исто толку ремија во последните четири кола значеше дека Рио Аве ќе падне до 11-тото место на табелата во Примеира по 10 одиграни натпревари. Во слична ситуација беше и Маритимо до неодамна, а кризниот период во кој петпати загуби и освои еден бод, го надмина со минимален триумф над Белененсеш.

Еден бод ги дели двете екипи и затоа победа вечерва е императив за двете страни со цел што побрзо да се подобри учинокот. Во ланската сезона Маритимо славеше како гостин против Рио Аве, тоа беше прва гостинска победа по пауза од осум години, а претходните дуели на двете екипи индицираат дека и вечерва ефикасноста ќе биде оставена на страна.

Предлог тип: 0-2 (1.65)

 

1541 Боависта – Брага (22ч)

Боависта цела сезона ќе се мачи да излезе од зоната за испаѓање, со оглед на тоа дека оствари само еден триумф во 10 кола. Домаќините со низа од три ремија и пораз ја пречекуваат Брага, која игра сè подобро и колку што може го следи чекорот со Порто и Бенфика.

Интересно е што Боависта славеше во последните три меѓусебни дуели против Брага со гол-разлика 7-2, што му доаѓа на Брага како мотивација да прекине со мачењето против оваа екипа.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести