Тешки се квалификациите за аутсајдерите – Засега само Финска и Турција го пробија двојниот бедем

Европа ги знае имињата на 16 репрезентации што веќе обезбедија пласман на континенталниот фудбалски самит следната година, а 14 од нив беа рангирани во првите два шешири при ждрепката, односно при одредувањето на квалификациските групи.

Само Турција и Финска засега го пробија овој бедем, односно беа подобри од Исланд и Босна и Херцеговина кои беа подоброрангирани од нив на ждрепката.

И ниту една селекција од четвртиот, петтиот и шестиот во самиот финиш на квалификацискиот циклус не успеа да се пласира на ЕП 2020 година.

Шанса има Унгарија, која беше во четвртиот пот при извлекувањето на групите, а услов за да играат на ЕП е да го победат Велс на гости, или и да ремизираат, но Словачка да не го надигра Азербејџан.

Од третиот шешир шанса уште имаат Србија, Република Ирска и Словачка.

Досега пласман на ЕП обезбедија Англија и Чешка од А групата, Украина од Б групата, Германија и Холандија од Ц,, Хрватса од Е групата, Шпанија и Шведска од Ф, Полска и Австрија од нашата група, Франција и Турција од Х групата, Белгија и Русија од И групата и Италија и Финска од Ј групата.

Останува дилемата дали Португалија и Србија ќе и се приклучат на Украина, две селекции во конкуренција на Швајцарија, Данска и република Ирска од Д групата ќе играат за титулата идната година и Унгарија, Велс, или Словачка ќе и прават друштво на Хрватска на ЕП 2020 година.

Со овие 20 селекции уште 4 преку баражите во Лигата на Нации ќе имаат можност да бидат дел од одбраното фудбалско друштво, а шанси има и Македонија.

Услов е да го победиме Косово на домашен терен во март идната година и потоа да бидеме подобри во финалето на Д сегментот од Грузија, или Белорусија.

 

- Оглас -

Најнови вести