Тешки се поразите во градско дерби – Аспиликуета се искара со навивачите на Челзи (Видео)

Капитенот на Челзи, Сесар Аспиликуета беше незадоволен од реакцијата на дел од навивачите на тимот во поразот од Арсенал со 2:4, па се најде во незгодна ситуација и дури влезе и во кавга.

Од него и од соиграчите се бараше да се борат на терен, па еден од најголемите борци, пргавиот бек на Челзи одлучи да не молчи и почна расправија.

https://twitter.com/SkySportsPL/status/1516881559911075841?s=20&t=hwYACnrGdyDcPH9KbavOcg

Ситуацијата во Челзи е сложена, клубот сè уште е без нов сопственик по објавата на Роман Абрамович дека си заминува.

Клубот испадна во Лигата на шампионите и не успеа во намерата да ја одбрани титулата, а не може ниту да биде шампион на Англија.

Аспиликуета даде гол, но вчера Сините претрпеа незгоден пораз од Арсенал со 2:4 во градското дерби во Англија.

Сепак, и покрај неуспехот против Топчиите, Челзи е блиску до место што води во Лигата на шампионите и идната сезона.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести