Тешки „сини“ гостувања за Лисиците и Волците

1006 Челзи – Вулверхемптон (19.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои бележат резултати под очекувањата. Во последните пет кола Волците освоија само два бода, а Челзи скромни четири, што исто така е премалку за тим со големи амбиции. Сините од Лондон го сменија тренерот Лампард, деби ќе има Томас Тухел и овој меч треба да биде показател дали проблемот бил кај Лампард или играчите не се во форма. Мотивација кај Челзи сигурно ќе има, но нема да им биде лесно бидејќи Вулфс е непредвидлив тим. Волците никогаш не победиле на „Стемфорд бриџ“, па против себе ја имаат и традицијата.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.76)

 

1008 Евертон – Лестер (21.15 часот)

Според табелата, ова е дерби на колото. Лестер има три победи по ред, но Евертон има четири победи во последните пет кола. Ова се две екипи кои сезонава само по двапати играле нерешено и најчесто или победуваат или губат. Ако победат Карамелите, остануваат во трка за титулата, ќе бидат само на три бода и еден меч помалку од Лисиците, кои се на два бода минус од лидерот. За Лестер проблем е отсуството на Варди, но тие се тим кој уште од ноември не загубил на гостински терен.

Предлог тип: ГГ (1.74)

 

3650 Аталанта – Лацио (17.45 часот)

Аталанта и Лацио се екипи во добра форма кои играат офанзивно и статистички (последните три нивни пресметки беа со 5+ голови) би требало да има голови. Ни Аталанта, ни Лацио немаат пораз во 2021 година. Божицата викендов го разби Милан, а има и позитивна традиција во последните години против Орлите, но само во Серија А, во купот е поинаква приказната. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од утрешното четвртфинале Наполи – Специја и ќе има убава шанса да се најде во финале.

Предлог тип: 3+ (1.57)

 

1352 Севилја – Валенсија (19.00 часот)

Севилја и Валенсија немаа среќа во ждрепката, како за осминафинале на Купот, можеа да добијат многу полесни противници. Севилја е голем фаворит, но во Купот можни се изненадувања и често решава мотивацијата и желбата за победа. Последните три меча на овие тимови на „Рамон Санчес Писхуан“ беа со 0-2 гола, на овој стадион нерешено не одиграле уште од 2014 година. Последните два дуели во Купот им завршувале со победи на Севилја од 2-1.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

3142 Динамо Загреб – Хајдук (17.05 часот)

Секогаш кога играат најтрофејните и најпопуларни хрватски клубови, не може однапред да се каже кој ќе биде победник, иако Динамо во моментов има дури 16 бода повеќе од сплиќаните. Динамо е најефикасна екипа во лигата и води мртва трка со Осиек за титулата, па за Адеми и другарите не би било добро ако киксираат. Хајдук во јули 2020 изненади на „Максимир“ со 3-2, Динамо од мај 2019 наваму не победил дома против Белите.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.22)

- Оглас -

Најнови вести