Тешки времиња за навивачите на Арсенал (Видео)

Евертон го победи Арсенал со 2-1 во меч од англиската Премиерлига на кој колубискиот централен дефанзивец Јери Мина продолжи една своја неверојатна серија. Мина последните свои четири гола во дресот на Евертон ги има постигнато во 45-та минута.

Тој е втор во историјата на премиерлигата што дал четири гола по ред во иста минута. Крис Иглс од 2007 до 2011 година дал четири гола, и сите во 90-та минута.

Овојпат во финишот на првото полувреме Мина одлично се снајде по нафрлување од корнер, и со глава ја смести топката во мрежа за 2-1, што се покажа и како конечен резултат.

Арсенал од 1 ноември наваму не знае за победа во Премиерлигата. Со Микел Артета на клупата, Топчиите немаат ниту една победа на меч на кој губеле по првото полувреме и таа непријатна традиција продолжи и денеска.

Евертон водеше со 2-1 по првите 45 минути, па Карамелите со победата, привремено избија на второ место на табелата.

https://twitter.com/i/status/1340360915045257216

 

- Оглас -

Најнови вести