Тешко, ама Вардар пак му зема мерка на Кристијанштад

Вардар пак му зема мерка на шведскиот Кристијанштад, но вечерва победи веројатно и најтешко против овој ривал во досегашните 8 меча.

Гостите од Скопје славеа со 32:30, но и се намачија, во финишот и со многу пот и неизвесност. Вардар водеше со 4 голови разлика на 7 минути до крајот, но Швеѓаните не се предаваа и во финишот имаа и шанса да израмнат на 31:31.

Алжирецот Гебдане го имаше п-отегот на мечот, фати чиста топка во позиција еден на еден и потоа Вардар казни со гол и победи со 2 погодоци разлика.

Вардар се мачеше и во првото полувреме, а по 30 минути игра имаше негатива од 16:17. Но, сепак на квалитет поранешниот европски првак успеа да победи и по осми пат во исто толку мечеви со Кристијанштад и да остане во игра за второто место во А групата.

- Оглас -

Најнови вести