Иако вчера беше само првиот ден од тенискиот гренд слем турнир Вимблдон, веројатно беше виден поен кој ќе биде и најубав на годинешното издание на неофицијалното Светско првенство во тенис на тревната подлога.
Пабло Куевас го победи Дамир Џумхур со 3-2 во сетови, а во петтиот сет освои супер атрактивен поен со кој изнуди овации од публиката, а Босанецот не можеше да поверува дека поенот не му припадна нему.
Погледнете ја прекрасната дијагонала на Уругваецот кој беше свртен со грб кон мрежата и полето на противникот: