Тешко е за верување: Најчудната одбрана на пенал (Видео)

Бразилскиот голман Рангел Луан да Роса се прослави со одбраната на пеналот на дуелот меѓу Скандерборг и Грањлес во меч од Лигата на Европа. Ова беше осминафинална пресметка од ова европско натпреварување, а по малку изненадувачки, Грањлес е тимот кој успеа да избори пласман понатаму и токму голманот Да Роса беше еден од најзаслужните.

Шпанскиот тим во првиот меч на домашен терен победи со 34:32, а сега во реваншот беше уште поубедлив и славеше со 30:25. Бразилскиот голман успеа да им одбрани дури 14 удари на противниците (36 отсто успешност), а посебно атрактивна беше одбраната на еден пенал, кога успеа да одбрани „жива“ топка, и тоа само со една рака.

https://twitter.com/i/status/1640763380695793666

 

- Оглас -

Најнови вести