Тешко обвинување за Трипие, се опарил од обложување на својот трансфер?

Десниот бек на Атлетико Мадрид и англиската репрезентација, Киран Трипие, денеска беше обвинет за наводно кршење на правилата за обложување. Фудбалската асоцијација на Англија, ФА, го сомничи екс играчот на Тотенхем дека лани пред да потпише за Јорганџиите, имал финансиски ќар.

ФА на играчите им забранува да се обложуваат директно или индиректно, а им забранува и да му даваат инструкции на некое лице на што да се обложи во врска со некој трансфер. Кога некој фудбалер на друг човек ќе му даде информација која не е јавно достапна, и тој човек благодарение на информацијата ќе се здобие со финансиска полза, тоа се смета за престап и прекршување на правилата.

Трипие има рок до 18-ти мај да одговори на обвинението. Тој во изјава за медиумите негираше дека учествувал во обложување и дека земал пари од некого како награда за информација која придонела да се има добитен тикет.

За ваков сличен прекршок во минатото, Даниел Стариџ беше суспедиран на четири месеци.

- Оглас -

Најнови вести