Тешко повредени неколку навивачи на косовското фудбалско дерби (Видео)

Дербито во косовското фудбалско првенство меѓу Приштина и Балкани го одбележаа навивачите со своето дивеење. Домашните навивачи на Приштина ги нападнале гостинските фанови, а во нередите биле повредени неколкумина.

Според пишувањата, еден навивач на Балкани бил прободен со нож и морал да биде префрлен во болница, а други тројца исто така биле потешко повредени.

Дуелот се одигра и заврши со победа на Балкани од 1:0. Балкани е тимот кој го елиминира Шкупи во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести