Тесни беа обрачите за МЗТ во Широки

МЗТ Скопје го претрпе третиот пораз во серија во АБА 2 лигата, а вечерва аеродромци беа неуспешни против Широки Брег и загубија со 89:77.

Поразот се навестуваше уште по првото полувреме, што го добија домаќините со 47:39. МЗТ Скопје воспостави рамнотежа во третиот период, кога беше израмнето 22:22, но разликата од првиот дел што ја направија кошаркарите на Широки беше недостижна за гостите.

Дарио Дрежњак беше енигма за кошаркарите на МЗТ Скопје и постигна 20 поени со 9 асистенции и 5 украдени топки.

Кај скопјани, Џабари Хајндс беше најефикасен со 18 поени, а имаше и четири асистенции. Бојан Крстевски уфрли 15 поени со пет скока, а солиден настап имаше и Маслинко со 12 поени и пет скока.

По овој пораз МЗТ Скопје остана на второто место со 31 бод, но се топи разликата пред конкурентите Сплит и Рогашка, но и уште четири екипи што бијат битка за првите четири позиции коишто водат во плејоф.

- Оглас -

Најнови вести