Тевес го бакна Марадона за среќа и постигна гол за враќање на титулата на „Бомбоњера“ (видео)

Најголемите аргентински ривали Бока јуниорс и Ривер плејт приредија луда завршница на шампионската титула, која се врати на „Бомбоњера“ по една сезона пауза благодарение на Карлос Тевес. Ривер ремизираше на гостувањето кај Атлетико Тукуман со 1-1, а во исто време Бока играше пред своја публика против Гимнасија, дуел кој се реши со погодокот на ексголгетерот на Манчестер јунајтед и Јувентус.

Пред мечот, Тевес му пријде на легендарниот Марадона и си разменија страствен бакнеж за среќа, па токму популарниот Апачи како херој на домаќините го реализира победничкиот гол во 73-тата минута вреден за титула број 34 во аргентинскиот шампионат.

Ривер во последните две кола ремизираше и застана на второто место со 47 бода, додека Бока триумфираше во последните пет меча и со еден бод повеќе дојде до титулата.

- Оглас -

Најнови вести