Тевес се онесвестил и ја скршил главата, но тоа не го спречи да го предводи својот тим до нова победа

Легендарниот аргентински фудбалер Карлос Тевес имал незгода во својот дом, и тоа непосредно пред мечот на неговиот Индепендиенте против Баракудас. Тевес се онесвестил додека бил во тоалетот на својот дом, паднал и ја повредил главата.

Веднаш му помогнала неговата ќерка, а Тевес потоа завршил во болница, каде што му била санирана повредата. Оваа несреќа се случила само неколку часа пред дуелот на Индепендиенте, а Тевес воопшто не сакал да помисли да не биде на клупата на својот тим.

Со капче на главата, легендарниот Аргентинец го предводеше Индепендиенте до нова победа, овојпат од 3:0. По девет одиграни меча, Индепендиенте е лидер на табелата со 18 бода, пред Ривер плејт со 16, но од осум натпревари.

- Оглас -

Најнови вести