Тевес: Жена ми сакаше да ме убие кога решив да си заминам од Јувентус

Некогашната аргентинска фудбалска ѕвезда, а од вчера нов тренер на аргентинскиот прволигаш Индепендиенте, Карлос Тевес, се пошегува дека сопругата сакала „да го убие“ кога во 2015 година си заминал од Јувентус.

Тевес, кој има 39 години, со задоволство се сеќава на времето кога го носеше дресот на Старата дама од Торино.

„Пристигнувањето во Јуве беше како вдишување на чист воздух. Од почетокот беше неверојатно, покрај тоа, ми го дадоа бројот на дресот што го носеше Дел Пјеро, тоа беше нешто специјално за мене. Супер ми беше во Италија, Италијанците се како Аргентинците. Кога по мечот од Лигата на шампионите решив да си одам и да се вратам во Аргентина, жена ми Ванеса сакаше да ме убие“, изјави Тевес.

По Јувентус, Тевес играше за Бока јуниорс, потоа замина во кинескиот Шангај, а на крајот пак се врати во Бока и таму се пензионира.

- Оглас -

Најнови вести