Тевес за соработката со Сер Алекс: Фергусон мисли дека е претседател на Англија

Речиси 20 години Карлос Тевес игра на врвно ниво. Сега веќе 36-годишниот напаѓач е капитен на Бока јуниорс, клубот во којшто ја започна кариерата во 2001 година. Тевес имал многу блескави, но и контроверзни моменти во кариерата. Еден од оние со кои Аргентинецот не можеше да најде заеднички јазик беше легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

„Фергусон верува дека е претседател на Англија. Со тој старец едноставно беше невозможно да се зборува затоа што секогаш ќе бидете поразен. Сепак, мислам дека згреши што ме остави на клупата за резерви во финалето на Лигата на шампиони против Барселона во Рим“, вели Тевес, кој го носеше дресот на најтрофејниот англиски клуб во периодот од 2007 до 2009 година.

Тевес го носеше и дресот на градскиот ривал на Манчестер јунајтед, екипата на Сити. Во тој период напаѓачот дури му испрати и невкусна порака на Фергусон, кога му порача „RIP Ферги“. Сега признава дека згрешил за тоа.

„Емоциите ме понесоа. Од Јунајтед си заминав разочаран и незадоволен. Таков беше тој период. Сепак, Фергусон го ценам како човек и тренер“, додава Тевес, кој во кариерата има одиграно над 700 меча.

- Оглас -

Најнови вести