Тежок циркус во ММА – Го победи ривалот, па се фати за гуша со судијата (Видео)

Ахмад Ал Дармаки предизвика чуден инцидент по победата против Богдан Кириленко на „Вориорс 12“ турнирот во Ултимејт фајт борбите, но за среќа брзо го смирија да не направи комплетна беља во октагонот.

Откако со одличен зафат го легна на земја Кириленко и успеа да го вклешти во прегратка, борецот од Обединетите Арапски Емирати одби да го пушти противникот, иако судијата се обиде да ги раздвои и покажа дека Ал Дармаки е победник.

Борецот од Емиратите потоа влета во кавга со судијата Марк Годард, кој е легенда во ММА се обиде и да се пресмета со него, но за среќа не направи поголема глупост.

Неговите тренери влетаа во октагонот за да го смират победникот, кој се однесуваше чудно и приреди бизарен инцидент, иако ја доби борбата со Кириленко.

 

- Оглас -

Најнови вести