Тежок удар за Јуве: Не игра Кјелини!

Џорџо Кјелини по сите изгледи ќе го пропушти реваншот против Ајакс во четвртфиналето од ЛШ. Капитенот на италијанскиот првак и натаму се мачи со повредата на листот, поради која не играше и во Амстердам.

Кјелини денес се појави во тренинг-центарот на Јуве, но не тренираше, а добро е што Коста, Манџукиќ, Хедира, Џан, Ругани и Бентанкур тренираа без проблеми.

Покрај искусниот дефанзивец, ниту Касерес нема да биде на располагање кај Макс Алегри, па се очекува Ругани повторно да биде партнер на Бонучи во централната дефанзивна линија.

Реваншот на „Алијанц стадионот“ е закажан за утре, во терминот од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести