Тежок удар за шампионот, Тонали се повреди на една недела пред стартот на Серија А (видео)

Милан немаше милост во пријателскиот дуел против Виченца и триумфираше со огромни 6-1, меѓутоа навивачите на италијанскиот шампион повеќе ги интересира колку е сериозна повредата на Сандро Тонали.

Главниот креативец на Росонерите ги истегна препоните и без да чека измена го напушти теренот и замина во соблекувалната. Не почека ниту интервенција на медицинскиот тим, што дополнително загрижува бидејќи идниот викенд стартува сезоната во Серија А.

Контролката воедно ја пропушти и офанзивното трио Ибрахимовиќ, Жиру и Ориги, со информација дека сите тројца имале мускулни проблеми. Во меѓувреме се чека прогнозата за повредата на Тонали, односно колку долго ќе паузира од терените.

https://twitter.com/MCriscitiello/status/1555981501753442304

- Оглас -

Најнови вести