ТФТ победи во Чаир и израмни на 1-1, станува интересно во оваа скопска плејоф-битка

Екипата на ТФТ славеше на незгодното гостување кај Чаир 2030 со 83-72 и изедначи на 1-1 во оваа четвртфинална серија во плејофот во македонското првенство.

Клучен се покажа придонесот на резервите на ТФТ, кои постигнаа 31 поен, наспроти само осумте поени на резервите на Чаир.

Подобриот од ова скопско четвртфинале, во полуфиналето ќе се сретне со МЗТ Скопје Аеродром или Гостивар, серија во која актуелниот првак е голем фаворит.

Четвртфиналето се игра во три добиени, а сега на следните два меча ТФТ ќе биде домаќин. Ако чаирчани победат барем еднаш, евентуалната мајсторка би се играла во нивна сала, но по вечерашниот меч, ТФТ е во предност.

- Оглас -

Најнови вести