ТФТ Скопје игра историски меч и според коефициентите, денеска е најголем аутсајдер (Фото)

Денеска ќе се играат вкупно 8 натпревари во квалификациските рунди за настап во Лигата на шампионите, а меѓу нив е и македонскиот претставник ТФТ Скопје.

Тимот од скопската населба Тафталиџе храбро го прифати предизивикот да биде организатор на една од квлификациските групи и денеска од 21 часот во салата „Борис Трајковски“ ќе му биде домаќин на германскиот Кемниц 99.

Претходно на истото место ќе играат Лестер рајдерс и Волунтари, а победниците од овие два дуели во полуфиналето ќе играат со Тофаш од Турција и со Фрибург од Швајцарија.

На ТФТ му се даваат мали шанси и коефициентот за победа на Кемниц 99 е само 1.02 во Sport Life и е најмал на сите 8 денешни квалификациски натпревари за настап во Лигата на шампионите.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести