Тибо е петти голман со награда за играч на месецот во последните седум години

Тибо Куртоа е избран за најдобар фудбалер за месец јануари во шпанската Ла Лига. Голманот на Реал Мадрид во првиот месец од годината успеа двапати да ја сочува мрежата, а на три меча дозволи само еден гол во својата мрежа. Куртоа воедно прикажа брилијантно издание со неколку клучни интервенции во триумфот против Хетафе со 3-0, па затоа организаторите на првенството по петти пат од 2013 година, па наваму ја доделија наградата на голман.

Голмани со вакво признание во пресметаниот период се уште: Кејлор Навас, Јон Андер Серантес, Диего Лопес и Томаш Вацлик.

Воедно Куртоа е прв белгиски играч кој го доби ова признание откако се доделува наградата. Поранешниот голман на Челзи има голема заслуга што Кралевите моментално ја имаат најдобрата одбрана во Ла Лига само со 14 примени погодоци на 23 меча, на кои Куртоа 11 пати ја сочува мрежата.

- Оглас -

Најнови вести