Тиери Анри ќе биде менаџер на Астон Вила?

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, Тиери Анри, би можел конечно да заплива во менаџерските води. Французинот покажа интерес да ја добие работата во Астон Вила, откако управата му врачи отказ на Стив Брус. Сепак, челниците на клубот за прва мета го назначија менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез.

Анри во текот на летото имаше шанса да го предводи Бордо, но тој одби откако не се договори со клубот, па сега добил мотивација од неговите некогашни ривали, Френк Лампард и Стивен Џерард, и сака и тој да се проба во оваа професија. Анри моментално работи како помошник на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација, но смета дека е подготвен самостојно да работи како предводник на една екипа.

Покрај Бенитез, како опција за менаџерската работа во Астон Вила се интересира и Џон Тери, кој би можел да го преземе клубот на неодреден период, но Англичанецот сѐ уште нема ставено крај на фудбалската кариера.

- Оглас -

Најнови вести