„Тифозите“ слават на Монца – Леклер тргнува од пол позицијата (ВИДЕО)

Шарл Леклер ја обезбеди пол позицијата на трката во Монца за големата награда на Италија. Пилотот на Ферари во третата квалификациска сесија оствари време од 1:20.161 со што за 145 стотинки беше побрз од Макс Ферстапен.

Од треттото место, пак ќе стартува и вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц, додека под број четири е исто така вториот возач но на Ред Бул, Серхио Перез.

Ваквиот расплет на настаните секако дека донесе голема радост кај „тифозите“ но, јасно е дека утре ќе не очека пеколна трка бидејќи и Макс го нема кажано конечниот збор.

Стартот на трката за ГН на Италија на легендарната Монца е закажан за 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести