Тијаго Силва го пецна Пикси: Требаше подобро да ја анализира нашата игра, а не да зборува со колку напаѓачи ќе играме

Капитенот на репрезентацијата на Бразил, Тијаго Силва, изјави дека српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси со изјавите пред нивниот меѓусебен меч покажал непочитување кон Кариоките.

Еден ден пред мечот против Бразил, Пикси беше зачуден што Кариоките ќе имаат офанзивна формација.

„Бразил ќе игра со четворица напаѓачи? Тогаш сме готови. Но, што е нивната одбрана“, рече Стојковиќ на прес конференцијата пред мечот.

Но, Бразил вчера лесно со 2:0 и надмоќна игра ја совлада Србија, а Силва по натпреварот не пропушти да го пецне Пикси за неговата изјава.

„Нашата одбрана е многу добро. Селекторот на Србија пред натпреварот покажа непочитување кон нас бидејќи рече дека Бразил ќе играл со четворица напаѓачи, и дали ќе имало некого во одбраната. Не бараме некој да се плаши од нас, туку бараме респект. Доколку подобро ги анализираше нашата игра и тим, ќе приметеше дека примаме малку голови без разлика дали играме со тројца или четворица напаѓачи“, изјави Силва.

- Оглас -

Најнови вести